
Пилотот на исчезнатиот Боинг 777 направил телефонски повик само неколку минути пред да полета на последниот лет од Куала Лумпур.
Истражните органи сега забрзано се обидуваат да дознаат кој бил примачот на мистериозниот повик на тој 8 март.
Се уште се истражува и приватниот живот на пилотот, иако министерот за одбарна рече дека се смета за невин додека не биде докажана некоја вина. Токму на тој телефонски разговор се полагаат најновите надежи за расветлување на мистеријата.
Во меѓугреме бродови и авиони и понатаму го пребаруваат делот од Индискиот океан во близина на брегот на Австралија за каде имаше тврдење дека биле забележани делови кои би можеле да бидат остатоци од малезискиот авион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
На аеродром во Малезија запленети 18 рогови од носорози
-
Од следната сезона Малезија ќе ја нема во календарот на Формула 1


