| четврток, 6 декември 2018 |

Калуѓерка не пее, туку „растура“ во шоу

калуѓерка што пее

Калуѓерката Кристина Скучиа (25) од Сицилија, која моментно живее и служи во Милано, го одушеви жирито и гледачите на шоуто „Глас“ во средата.

Кристина како вистинска поп-ѕвезда без грешка ја отпеа хит-песната на Алиша Кис, „Никој“ (No One). По настапот рече дека отсекогаш сакала да стане пејачка, но станала калуѓерка и разбрала дека нејзина цел на овој земски свет е да му служи на Бога, заедно со други калуѓерки.

Некои од нив беа присутни на нејзиниот настап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top