
Александар Бошњаковски, пензиониран врховен судија почина во Скопје. Бошњаковски почина шест месеци откако заврши судскиот процес за грабнување на неговата шестгодишна внука Александра, пишува „Утрински весник“.
Врховниот судија Бошњаковски, кој имаше над 40 години правосудно искуство, неговиот син и сопругата во септември минатата година беа прогласени за виновни за грабнувањето на шестгодишното девојче и осудени на една година затвор која беше заменета со четиригодишна условна казна.
Детето беше пронајдено во такси-возило во близина на Маврови Анови. Поранешниот судија Бошњаковски тврдеше дека она што го сторил, го сторил од љубов кон својата внука и оти жали што го вовлекол во тоа и семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


