Утре (по средноевропско време, задутре) во Атланта ќе гостува екипата на Њу Орлеанс пеликанс во меч од НБА Лигата, а веднаш потоа Перо Антиќ и неговите соиграчи од Атланта ќе имаат можност да се забавуваат на популарниот Хоуктоберфест. Слично на познатиот Октоберфест во Минхен, во Атланта се организира манифестација на која се промовираат и презентираат различни видови на пиво.
Името е слично, иако во Атланта малку е чудно што Хоуктоберфест се организира во март, иако името асоцира на октомври. Раководството на Хоукс се приклучија со одлична понуда, во која симпатизерите на „јастребите“ со купен билет за мечот со Пеликанс, ќе можат да присуствуваат и на концертите за време на фестивалот на пивото и да добијат специјални попусти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



