| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Заев и Црвенковски ме молеа насилно да го урнеме Груевски (Фото)

Menduh-Taci-1Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска на прес-конференција во Скопје објави СМС со кои Заев го молел да соработуваат. На новинарско прашање дали од него се барало насилно уривање на владата на Груевски, Тачи одговори дека тоа го барале лидерите на СДСМ, Заев и Црвенковски, со што предизвика вистински земјотрес на Бихаќка.

taci1
taci2
Како што рече Тачи, пораките ги објавил револтиран од написи за неговиот татко на некои од порталите, но не наведе на кои. Не сакаше да прецизира што се е барано од него, со образложение дека тоа би било многу ниско затоа што ако каже сè, Заев ќе имал проблем со своето семејство и со своите деца.
taci3
taci4
Во дел од пораките што Тачи денеска ги објави може да се види дека Заев го молел да се сретнат. Лидерот на СДСМ му пишувал дека има поддршка од меѓународниот фактор. Лидерот на СДСМ на Тачи постојано му се обраќа со „претседателе“, а споменува и дека меѓународни фактори го подготвувале дека во иднина треба да соработува со тројката албански политичари Тачи, Бериша и Харадинај, кои сега се во опозиција во Косово, Албанија и во Македонија.
taci5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top