| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсените примиле поткуп од 2.000 евра (видео)

lisici 2

Тројца полициски службеници на возраст од 33 до 40 години, вработени во СВР Скопје, од кои двајца како инспектори додека третиот пријавен е вработен како Началник, односно нивен претпоставен извршиле коруптивно кривично дело примање поткуп. Ова е објаснувањето на МВР по синоќешната акција во скопски Чаир, кога беа уапсени тројца полициски службеници.

Според досега документираните сознанија, пријавените, во својство на полициски службеници во периодот од 26 минатиот месец до 19 овој месец, со намера да се здобијат со противправна имотна корист за себе, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања по однос на случено кривично дело – убиство на 26.2. годинава во Скопје, извршено над лицето Ибраим И., директно и индиректно побарале, а на вчера (19.3.) и примиле поткуп во вредност од 2.000 евра во апоени од 4 х 500 евра за да извршат службено дејство што морале да го извршат (да го известат јавниот обвинител со поднесок од преземените мерки од кривично правниот настан случен на ден 26.02. и пореметување на лице местото каде што е извршено убиството). Поткупот го примиле од оштетениот кој во текот на вчерашниот ден им ги исплатил парите во непосредна близина на Полициска станица „Гази Баба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top