| четврток, 6 декември 2018 |

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска се сретна со актерите во МНТ

Во новиот објект на МНТ, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска се сретна со актерите што работат на пробата на претствата „Сината птица“ во режија на Златко Славенски.

На 7 декември 2013 година, со премиерата на претставата „Вечната куќа“, за јавноста беше отворен новиот објект на Македонскиот народен театар. Денеска можеме да кажеме дека театарската уметност во нашата држава се создава и се гледа во истите услови како и во големите европски и светски културни центри. Од отворањето на новиот објект на Македонски народен театар досега се одржани 40 претстави, со 22.763 посетители. Комплетниот репертоар од стариот театар е префрлен во новата зграда на МНТ, сите претстави се вратени на голема и мала сцена.

09 MNT rabotna popseta
Беше најавен почеток на пробите  со светски познатиот режисер Андреј Жолдак,. Претстава ќе биде работена според текстовите на „Електра и Орест“ од Софокле. А исто така од оваа година љубителите на тетараската уметност ќе имаат можност да проследат и првото издание на меѓународниот фестивал.
07 MNT rabotna popseta
– Од особена важност е одржувањето на првото издание на меѓународниот фестивал, кој од крајот на месец мај до почетокот на јуни 2014 година ќе презентира претстави на театрите од регионот и пошироко. Идејата е да се овозможи презентирање на различните сценски естетики и подобро меѓусебно запознавање, а фестивалот е и убава можност за отворање на поголеми можности за посериозна заемна соработка и воспоставување на копродукции – истакна Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top