| четврток, 6 декември 2018 |

Германски и американски компани заинтересирани за инвестирање

invest

Министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, денеска ја завршија четиридневната посета на Германија, како дел од редовните роуд шоу активности.
За време на посетата биле остварени средби со поголем број компании со кои Дирекцијата е во постојан контакт и напредни преговори за инвестирање веќе подолго време, а дел произлегле како резултат на владиното роуд шоу во Германија, организирано во соработка со „Фајненшл тајмс“.

Беа посетени германски и американски компании, чие европско седиште е во Германија, од автомобилската, машинската, електроиндустријата и банкарскиот сектор во околината на Диселдорф, Штутгарт и Франкфурт.

Неколку компании потврдија посети на Македонија во текот на април за да се финализираат нивните потенцијални проекти од аспект на соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите.

На дел од состаноците тимот беше придружуван од економските промотори во Германија, Афродита Кермичиева-Пановска и Бојан Милиновиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top