В сабота (22.03) во ноќниот клуб „Лолипоп“ во Куманово ќе се одржи финалето за Зимска убавица на Македонија, кое традиционално го организира модното студио „Црнокрак“.
По тримесечен карван низ Македонија, зимските убавици в сабота се селат во „Лолипоп“, каде што оваа година ќе се одржи финалето. За титулата зимска убавица ќе се борат 16 девојки, а за најубавата и нивните придружнички ќе гласа жири, но и публиката.
В петок (21.03) во „Лолипоп“ настапува Жаре Бебер, а в четврток (20.03) продолжуваат серијата матурски забави со настап на „Саунд месинџерс“, дуото составено од Ерик Фокс и Симона Попоска. Забавата в четврток почнува во 23 часот, а настапот на Жаре и финалето за зимска убавица на полноќ. Влезот за сите три забави е 100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


