
Во тренинг центарот на ЗЕЛС од Скопје се одржа еднодневна обука наменета за лицата за односи со јавност на локалните самоуправи. Насловот на обуката беше „Брендирање на општините во РМ и улогата на ПР лицата во овој процес“. Предавач на работилницата беше д-р Игор Андреев, експерт по маркетинг.
На работилницата учествуваa претставници на повеќе од 30 општини од Македонија.
Како што беше кажано, веб-страниците ќе станат најмоќни алатки за промоција на општините. При тоа беа посочени бројни примери на брендирање на општините, како во ЕУ така и од соседството, при што беа претставени конкретни чекори за брендирање на општините.
Исто така, беа потенцирани неколку примери на општини во Македонија, кои претежно се ориентирани кон туризмот како носечка активност во согласност со географската и историската компонента.
Таков е примерот со Охрид и со Крушево, кои користат дел од просторот на нивните веб- страници за туристичка промоција или, пак, дел од општините кои користата алатки за привлекување странски инвеститори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поделбата на општините клучна за колицијата меѓу СДСМ и ДУИ: Заев ги сака Арачиново, Студеничани и Чаир
-
Во Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар гласаат 218 болни и изнемоштени лица
-
Aлбанските општини од регионов формираа Унија
-
Комитетот на региони на ЕУ и Република Македонија: Догодина проект од 2,2 милиони евра за поддршка на општините


