
Двајца работници загинаа, а двајца други се ранети денеска во Белгија при експлозија на бомба од Првата светска војна.
Инцидентот се случи во градот Ипер, во чиј реон било едно од најголемите бојни полиња во историјата на Белгија.
Експлозијата одекнала додека работниците извршувале ископувања крај реката Ипер, изјави градоначалникот на градот Жан Дурне.
Едниот работник починал веднаш по експлозијата на бомбата, а другиот на пат за болница. Еден од ранетите работници се здобил со потешки повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


