Работнички е на прагот на петтото финале во фудбалскиот Куп на Македонија, по победата против Брегалница попладнево со 2-0. Во второто полуфинале меѓу Тетекс и Металург немаше голови, што е значајна предност за прволигашот Металург, бидејќи во реваншот е домаќин.
Со головите на Петровиќ во првиот дел и на Сулејманов во второто полувреме, Работнички ја продолжи серијата добри резултати и се наоѓа на прагот на ново финале. Романтичарите имаат по две титули и две финалиња во националниот Куп, а на противникот од Штип ќе му биде потребен подвиг во реваншот за да се избори за првото куп финале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.