Интересен детал и порака на патоказ осамна вчера во Манчестер и наместо информација за состојбата на патните правци за кој е наменет, на него беше напишано:
„Фудбалски натпревар, среда од 19.45 (по британско време). Се очекува пораз“.
Дали го напишал разочаран навивач на Манлестер јунајтед или можеби е од таборот на лутиот ривал Сити, останува енигма, но пораката е јасна. Фановите на „црвените ѓаволи“ не можат да ги трпат поразите и лошите резултати на својот миленик, а посакуваат што поскоро Дејвид Мојес да си замине од кормилото на Јунајтед.
Тоа ќе биде реална опција, особено ако се остварат црните прогнози од патоказот и Манчестер јунајтед повторно загуби од Олимпијакос. Првиот меч во Атина заврши со победа на грчкиот тим од 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.