| четврток, 6 декември 2018 |

Металург урива рекорди, билетите за мечот со Колдинг продадени за 17 минути

Огромен интерес владее кај ракометните навивачи за двата натпревари во Скопје од Лигата на шампионите, а податок за Рипли е дека и Вардар и Металург експресно брзо ги продадоа билетите за првите осминафинални дуели против Хамбург, односно Колдинг.

Од Металург на својата официјална клупска страница објавија дека околу 3 илјади билети што беа во слободна продажба, вчера се продадоа за само 17 минути, па против Колдинг во недела на 23 март, вицешампионот на Македонија ќе има огромна подршка во „Борис Трајковски“.

Идентично ќе биде и ден претходно на дуелот меѓу Вардар и Хамбург, а и за тој меч веќе нема билети. Црвено-црнито вулкан на трибините ќе проработи, а целта е да се урне актуелниот европски првак од Германија. Тој меч ќе се игра од 18 часот во сабота, а ден подоцна Металург и Колдинг ќе го отворат осминафиналниот двомеч од 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top