| четврток, 6 декември 2018 |

За три месеци во Македонија 11 новозаболени од ХИВ

hiv-sida

За три месеци во Македонија се забележени 11 новозаболени од ХИВ, а најмладиот е тинејџер од Скопје. Од новите случаи што се откриеи од јануари до средина на март оваа година, сите се мажи. Дури осумина се заразиле од секс со мажи и се на возраст од 20 до 29 години. Само тројца мажи го добиле смртоносниот вирус преку незаштитен сексуален однос со жена.
Овие фрапантни резултати се добиени преку тестирање на повеќе од 200 лица со ризично однесување, кое овие два месеца го спроведоа Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и невладините организации ХОПС, ХЕРА, Егал.
Д-р Жарко Kараџовски, началник на одделението за сексуално преносливи болести, ХИВ и сида во Институтот за јавно здравје, потврдува дека последните 10 години бројката на мажи што се заразиле преку секс со мажи е петпати зголемена – од 10 на 51 лице. Во периодот од 1987 до 2004 биле регистрирани само 10 мажи со ХИВ/СИДА, кои вирусот го добиле преку сексуален контакт со мажи, а од 2005 до 2014 година има 51 нов случај на мажи што се заразиле преку секс со мажи.

– Зголемен е и бројот на нови случаи на ХИВ/СИДА. Ако за цели 12 месеци минатата година имавме 24 регистрирани, сега за само 2,5 месеци имаме 11 новопријавени од испитани неколку стотини лица со ризично однесување – интравенозни корисници на дроги, комерцијални сексуални работнички, мажи што имаат секс со мажи, при што од откриени 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, сите се мажи. Првата реакција на повеќето од нив, по шокот дека тестот е позитивен, беше дека не знаеле во што се впуштаат, иако свесно го прифатиле ризикот и без кондом имале сексуален однос. Тие го знаеле ризикот, знаеле дека партнерот имал ризично однесување, но, сепак, не се штителе! Задолжително да се практикува сексуален однос со кондом, а интравенозните зависници од дроги да користат стерилен прибор – предупредува д-р Kараџовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top