Сончево топло време нé очекува оваа среда. Ветерот ќе биде слаб, од променлив правец во првиот дел од денот, а во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и истиот ќе ја зголеми брзината. Умерен до засилен ветер очекуваат источните делови од земјата, како и долж повардарието.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност во дијапазонот помеѓу 20°С и 24°С во поголем дел од населените места. Уште потопло ќе биде во гевгелиско – дојранскиот регион каде се очекува температурниот максимум на воздухот да достигне вредност околу 27°С.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб, променлив ветер. Во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе ја зголеми брзината. Сепак станува збор за умерен, само на моменти до засилен ветер. Mаксималната темпратура ќе достигне вредност до 25°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.