| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Браун останува во затвор најмалку до 23 април

Ар-ен’-би пејачот Крис Браун ќе остане во затвор најмалку до 23 април, кога ќе се одржи сослушувањето по обвинувањато против него за прекршење на условната казната.

Браун (24) беше уапсен во петокот во Лос Анџелес, откако поради не почитување на правилата беше исфрлен од центарот за рехабилитација, каде беше на третман за справување со бесот, со што ја прекрши условната казна.

Судиот му одреди рехабилитација откако лани нападна еден маж додека ја отслужуваше условната казна, изречена во 2009 година поради претепувањето на неговата тогашната девојка Ријана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top