| четврток, 6 декември 2018 |

Јонуз Муслиу: Прешевската Долина да се припои кон Косово

Доколку Крим се припои кон Русија по спроведениот референдум, тоа го олеснува процесот на обединување на Прешевската Долина во јужниот дел на Србија со Косово, изјави претседател на Собранието на Општина Бујановац, Јонуз Муслиу.

– Доколку Москва го сака Крим, Тирана и Приштина треба да ја бараат Прешевската Долина. Таа историски била интегрален дел на Косово. Од Косово е одделна во периодот 1945-1956 година, кога југословенските комунисти извршиле размена со двете општини од северот на Косово, Лепосавиќ и Зубин Поток, изјави Муслиу, кој беше лидер на поранешната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (УЧКПМБ).

Тој нагласи дека „албанскиот народ од Прешевската Долина“ на 1 и 2 март 1992 година на референдум „демократски се изјаснил за политичка и територијална автономија со право на припојување кон Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top