Жителите на Крим ја поправија грешката од советската ерата со референдумот и желбата на народот не би требало да биде казнета, порача поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.
– Претходно Крим беше припоен со Украина под советски закони, поточно со законите на Комунистичката партија, без да се праша народот, а сега луѓето одлучија да ја поправат таа грешка. Тоа треба да се поздрави наместо да се прогласуваат санкции – изјави тој.
Горбачов го поздрави референдумот велејќи дека ги одразува аспирациите на жителите на Крим.
Тој ги осуди санкциите против Русија како одмазда за референдумот.
– За да се објават санкции, потребни се многу сериозни причини. И тие мора да биде прифатени од ОН. Волјата на народот на Крим и можно обединување на Крим со Русија како составен регионот не претставуваат таква причина – додаде Горбачов.
Крим побара признавање од ОН како суверена држава.
– Република Крим има намера да изгради односи со другите држави врз основа на еднаквост, мир, меѓусебна соседски соработка и други генерално договорени принципи на политичка, економска и културна соработка меѓу државите – побара парламентот.
Крим веќе официјално е воведен на рубљата како втора валута, заедно со украинската хривна. Вчера беше оформена и Банка на Крим и се најави дека сите буџетски приходи, кои се испраќаа во Киев, сега ќе останат на сметка на републиката. Двојна валута ќе важи околу шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија