| четврток, 6 декември 2018 |

Горбачов: Крим ја поправи грешката на Комунистичката партија

gorbacovЖителите на Крим ја поправија грешката од советската ерата со референдумот и желбата на народот не би требало да биде казнета, порача поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

– Претходно Крим беше припоен со Украина под советски закони, поточно со законите на Комунистичката партија, без да се праша народот, а сега луѓето одлучија да ја поправат таа грешка. Тоа треба да се поздрави наместо да се прогласуваат санкции – изјави тој.

Горбачов го поздрави референдумот велејќи дека ги одразува аспирациите на жителите на Крим.

Тој ги осуди санкциите против Русија како одмазда за референдумот.

– За да се објават санкции, потребни се многу сериозни причини. И тие мора да биде прифатени од ОН. Волјата на народот на Крим и можно обединување на Крим со Русија како составен регионот не претставуваат таква причина – додаде Горбачов.

Крим побара признавање од ОН како суверена држава.

– Република Крим има намера да изгради односи со другите држави врз основа на еднаквост, мир, меѓусебна соседски соработка и други генерално договорени принципи на политичка, економска и културна соработка меѓу државите – побара парламентот.

Крим веќе официјално е воведен на рубљата како втора валута, заедно со украинската хривна. Вчера беше оформена и Банка на Крим и се најави дека сите буџетски приходи, кои се испраќаа во Киев, сега ќе останат на сметка на републиката. Двојна валута ќе важи околу шест месеци.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top