Каролина Ристова Астеруд, поранешен висок кадровик и пратеник од СДСМ, налета на жежок костен со последниот коментар на социјалните мрежи. Имено, таа во обид за враќање на позициите во партијата, социјалните мрежи ги полни со осуда на се што не е дел од нејзината партија. Во последната објава, Астеруд ги коментира договорите за дело за советување на Талат Џафери:
„И магарето лета ли? Секако дека лета..Ај што е небулоза пратениците од законодавната власт да изиграваат советници на министрите и извршната власт, ама за 30 000 денари да го продаваш и личниот и професионалниот и политичкиот интегритет, е стварно не ми влага во глава. Добро бе луѓе, толку ли не сте виделе пари, толку ли не сте изживеани во животот, па така лесно да правите циркузи и од себе, од своите партии и од државата и уставот! Аман веќе…“, напиша Астеруд.
Но, очигледно на нејино изненадување, со коментар се јави поранешниот државен секретар во МНР, Емил Кирјас, инаку кадар на ЛДП:
„Не патиме од амнезија како што патиш ти од самата за себе! Да, „е небулоза пратениците од законодавната власт да изиграваат советници на … извршната власт“!!! па ти го правеше тоа бре луда жено! заедно со Шема у кабинетот на БЦ. Бриши пред да те објави некој„- добронамерно ја советува Кирјас.
А тоа потоа отвора вентил за истекување на детали и ситници за тоа кој како функционирал во кабинетот на Бранко Црвенковски, кој каде бил советник, кој бил или не бил кадарен, а се спомнуваат и имиња на други поранешни функционери.
„Јас бев член на Комисијата за помилување во која по законска структура на телото влегуваа и припадници на законодавната власт (како и други институции) и , а ако воопшто ја знаеш и смислата и целта на институтот помилување, ќе сфатиш и зошто…а и ако добро се сеќвам, тоа беше без надомест… Јас дури ни часови на факултет не држев со тие „формулите“ што се користат, за да си обезбедам дополнителни приходи и сл. За Шема си во право, ама тука и себе да се додадеш, оти ти по политичка линија фати место на професионалец во МНР..така да, од себе ишкај си ја мувата од капата, јас нема што да си ја ишкам.“- одговара Астеруд.
„Моето поставување на таа позиција беше надвор од логиката и словото на законот! Факт – за тоа пишуваа медиумите. Го кажа и опозицијата. Го кажав и јас кога го предлагавме законот за надворешни за да не се повтори „мојот случај“. Ако некој дојде како што дојдов јас не сум до толку инфантилен како ти за истото да искоментирам „и магарето лета ли?“ Ало бре, ти се потпишуваше како советник во кабинетот на мислења (има дописи во МНР ако не на друго место), цело време беше таму во кабинетот (ти од законодавна во извршна власт). Па главните караници со тебе беа дека си и советник на Претседателот и пратеник. Илинка ради тоа спореше цело време. Со Шема објаснувавте дека не е забрането со закон, ако Ермира сега. А сега „магариња“. Ееее значи „збогом памети“ е таа Македонија.“- коментира поранешниот државен советник.
„Емил, ме шокираш, ти си направил некоја сериозна конструкција во главаа и не клевети безвеза, најсериозно ти зборувам..Ај убаво преслишај се!! ЈАС НЕ СУМ БИЛА НИКАКОВ СОВЕТНИК ВО КАБИНЕТОТ!! Ова не е амнезија твоја, ова е тешка конструкција во твојата меморија! За мене немало никави караници, од кај ти ова. Имаше за тебе и за Шема. Јас не сум потпишувала ништо, што ти е на тебе човеку??? Ти од мене си добивал материјали само од Собрание, ти се измешало се во глава тебе..Јас сум била член само во Комисија за помилување и ништо друго, а таму ниту претседателот на таа комсиија (Чокревски) не потпишувал ништо, камоли јас..Одлуката ја носи и потпишува шефот на државата, кој може но не мора да го прифати советот..Божеее, што ти е на тебе?!“- се надоврзува Каролина Ристова Астеруд.
„Како немаше бре. Имасе хистеришење на таа тама на скали во Собрание…. немам никаква амниезија. Јави и се на Илинка, јави се во МНР во правно одделение – твојот случај беше тема на не една расправа… Боже свашта.“- ја потсетува Кирјас.
„Емил, не клевети! Оди убаво провери! ЈАс со вас сум имала расправа како координаторка за надворешна политика на најголемата пратеничка група по повод Законот за НР, кога требаа да се пеглаат работи меѓу шефот на државата и вас како МНР.. Ти сериозно си имаш проблем со конструкции во сеќавањата и уште без пардон ги користиш за клветење“- додава Астеруд.
„Да да, клеветам дека беше цело време во Кабинетот на највисоката извршна власт како пратеник… не е проблем ја да се извинам. Може сум јас и луд. Може сме сите луди. Можеби е грев што мразам, на презирам, мразам хипокризија. Туку, И МАГАРЕТО ЛЕТА ЛИ?“- прашува Кирјас.
„Паднаа“ и барања за јавни извинувања и закани за тужби за клевета.
„Емил, сакаш да те тужам дека не сум била и дека е клевета ова што го кажуваш?! Лесно се проверува, оди провери, а не засновај се на конструкции во твоите сеќавања, ако ништо друго заради сето ова овде што ти го напишав“- повика Астерид и подолу се надоврзува- „и чекам извинување за сите навреди и клевети.“
„Ќе се изначекаш… иди на кафе со шема, да ја подготвите тужбата против мене заедно. и со илинка, пошто ја спомнав. ма и БЦ да се потпише на тужбата. а молиќу лепо, и наташа ќе потврди дека ич не си висела нон-стоп во кабинет на извршната власт како пратеник“- продолжува Кирјас.
Дебатата продолжува на социјалните мрежи. Деловите кои се пренесени тука се исчистени од личните пораки меѓу двајцата поранешни функционери. Но пренесени се деловите кои содржат пикантерии од времето кога беа активни функционери, а се однесуваат на лица кои се уште се активни во политиката и го „кројат“ однесувањето на опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


