| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е најблиску до титула во Премиер-лигата?

По вчерашната победа над Манчестер Јунајтед со 0-3, Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, кој реализираше два од трите досудени пенали, изјави дека сега е реално „црвените“ да размислуваат за враќање на титулата на „Енфилд“ по повеќе од 20 години.

По некомплетното 30. коло стана јасно дека за титулата ќе се борат четири тима, водечкиот Челси, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити, кој иако е на четвртата позиција, е во најдобра ситуација бидејќи има 3 натпревари помалку.

„Граѓаните“ моментално имаат 60 бода, односно 6 бода помалку од водечкиот Челси (66), но и три натпревара помалку. Од друга страна Ливерпул и Арсенал имаат по 62 бода.

Еве го распоредот до крајот на шампионатот.

premijer-liga-trka

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top