| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Бо­сиљ­чиќ: Кајмакоски е соз­да­ден за оваа ра­бо­та

Ка­ко дел од жи­ри­то на срп­ска­та вер­зи­ја „Јас имам та­лент“, Бо­сиљ­чиќ го по­чув­ству­ва при­ти­со­кот што до­а­ѓа во шоу од та­ков тип, но ве­ли де­ка ма­ке­дон­ски­от прет­став­ник на „Икс-фа­ктор“, Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски, е ро­ден да го из­др­жи.

Срп­ски­от актер Иван Бо­сиљ­чиќ ѝ е поз­нат на ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка по не­кол­ку­те уло­ги во се­ри­и­те „Ра­не­ти­от орел“ и „Гре­вот на неј­зи­на­та мај­ка“. Тоа што тие при­ка­жу­ва­ат ед­но по­и­на­кво, по­мир­но вре­ме, се сов­па­ѓа со не­го­ви­от дух, а тој ка­ко вљу­бе­ник во по­е­зи­ја­та е сре­ќен што пуб­ли­ка­та има слух за ед­но ва­кво дру­же­ње, во кое ги спо­ју­ва актерс­тво­то, му­зи­ка­та и сти­хо­ви­те.

На Де­нот на же­на­та има­ше мож­ност да на­ста­пи и пред скоп­ска­та пуб­ли­ка.

Бо­сиљ­чиќ ве­ли де­ка са­кал да им по­ка­же на лу­ѓе­то кол­ку сти­хо­ви­те на Ар­сен Де­диќ пра­ват со­вр­ше­на син­те­за со му­зи­ка­та на То­ше Про­е­ски, а кол­ку Иво Ан­дриќ од­го­ва­ра со ци­ган­ски­от ри­там. Не­го­во­то по­ет­ско дру­же­ње со пуб­ли­ка­та го оце­ну­ва ка­ко ед­на уба­ва ме­ло­драм­ска ат­мо­сфе­ра и де­ка иа­ко го бие та­ков глас, тоа не е ве­чер во ко­ја би ужи­ва­ле са­мо да­ми­те.

Ако не ме гле­да­ле, лу­ѓе­то не мо­жат да прет­по­ста­ват ка­ков спој е тоа. Не­кои ве­лат де­ка ги по­тсе­ту­ва на ве­че­ри­те што ги пра­ви Ра­де Шер­бе­џи­ја. Но, ко­га ќе дој­дат, ќе ви­дат де­ка има и мал­ку по­о­стри те­ми и то­гаш пуб­ли­ка­та ста­ну­ва ме­ша­на. На пре­ми­е­ра­та беа 90 про­цен­ти да­ми, а по­тоа поч­нав да сре­ќа­вам ма­жи, кои ми ве­леа де­ка ова е на­ви­сти­на мно­гу до­бро. То­гаш ви­дов де­ка по­е­зи­ја­та и до­бра му­зи­ка не из­би­ра­ат пол, бри­шат ге­не­ра­ци­ски гра­ни­ци и не тре­ба да има­ме не­ка­кви пре­дра­су­ди да­ли е ве­чер за да­ми или за мла­ди двој­ки – ја поч­ну­ва сво­ја­та при­каз­на Бо­сиљ­чиќ.

Ivan-Bosiljcic-rep79-2

Ка­ко не­кој што од ма­ли но­зе е вљу­бен во по­е­зи­ја­та, Бо­сиљ­чиќ сме­та де­ка иа­ко ко­ле­ги­те му се лу­тат, нив­на долж­ност и об­вр­ска ка­ко акте­ри е да ја не­гу­ва­ат по­е­зи­ја­та.

По­е­зи­ја­та е ја­зик на бо­го­ви­те, ка­ко што му­зи­ка­та е ја­зик на ан­ге­ли­те. Ка­ко лу­ѓе кои се за­ни­ма­ва­ат со го­во­ре­ње, долж­ни сме да го по­тсе­ти­ме на­ро­дот кол­ку по­е­зи­ја­та е пре­фи­не­та и ка­ко на чу­де­сен на­чин се ра­ѓа, осо­бе­но во вре­ме на ин­стант про­гра­ми, ре­ал­ни шоу-про­гра­ми и евти­на му­зи­ка. По­е­зи­ја­та сѐ уште по­стои, сѐ уште по­сто­јат лу­ѓе што пи­шу­ва­ат, што пра­ват не­што та­ка пре­крас­но. Низ ва­ков вид про­гра­ма са­кам да се по­тсе­там се­бе­си и пуб­ли­ка­та де­ка има на­деж – сме­та тој.

Вра­бо­тен во На­род­ни­от те­а­тар во Бел­град, Бо­сиљ­чиќ жонг­ли­ра ме­ѓу филм­ски­те се­то­ви и сце­на­та, но сме­та де­ка тоа е еден круг и де­ка е нај­до­бро­то не­што што мо­же да му се слу­чи на еден актер.

Се­ко­гаш ко­га ќе за­вр­шам не­кое сни­ма­ње, се вра­ќам во те­а­та­рот ка­ко по­бо­гат актер. Искус­тво­то пред ка­ме­ри­те на чу­де­сен на­чин мо­же да се пре­не­се во те­а­та­рот и обрат­но, но ту­ка не би го за­тво­рил кру­гот, се­кој од акте­ри­те што има мал му­зич­ки та­лент, мо­ра да се впу­шти во тоа, не ни дал Бог та­лен­ти ту­ку-та­ка – ве­ли тој.

ivan bosiljcic i jelena tomasevic

Иван е со­пруг на пе­јач­ка­та и не­ко­гаш­на прет­став­нич­ка на Ср­би­ја на „Евро­ви­зи­ја“, Је­ле­на То­ма­ше­виќ, што ја пра­ви оваа поз­на­та двој­ка на­ви­сти­на ин­те­рес­на за ме­ди­у­ми­те. Ве­ли де­ка кол­ку и да жи­ве­ат во не­нор­мал­ни ус­ло­ви, се­пак тоа им ну­ди мно­гу пред­но­сти за ра­бо­та, но, од дру­га стра­на, сме­та де­ка ни­ко­гаш не би при­фа­тил да на­ста­пу­ва за­ед­но со неа.

Ние има­ме од­лич­ни по­ну­ди да на­ста­пи­ме ка­ко двој­ка, ме­ѓу­тоа мис­лам де­ка тоа би ја на­ру­ши­ло до­маш­на­та ат­мо­сфе­ра. Ко­га ра­бо­та­та би се пре­не­ла до­ма, тоа не би би­ло на­ша све­тост, а тоа е единс­тве­но­то што ни оста­на ме­ѓу че­ти­ри ѕи­да. Од дру­га стра­на, по­крај неј­зи­ни­те гла­сов­ни спо­соб­но­сти, не би ни имал хра­брост да отво­рам уста ако се нај­де­ме на иста сце­на – ве­ли Бо­сиљ­чиќ.

 

Ja imam talenat te 2

Ка­ко дел од жи­ри­то на срп­ска­та вер­зи­ја  „Јас имам та­лент“, Бо­сиљ­чиќ го по­чув­ству­ва при­ти­со­кот што до­а­ѓа во шоу од та­ков тип, но ве­ли де­ка ма­ке­дон­ски­от прет­став­ник на „Икс-фа­ктор“, Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски, е ро­ден да го из­др­жи.

Јас сум за тоа де­ка тре­ба се оди че­кор по че­кор. „Икс-фа­ктор“ е му­зич­ко нат­пре­ва­ру­ва­ње, да би­деш пе­јач не е са­мо да имаш глас и да би­деш му­зи­ка­лен, тоа тре­ба да се из­др­жи и пси­хич­ки. Нај­лес­но е да се би­де на сце­на и нај­лес­но е да се за­пее, но да оста­неш ста­би­лен во ка­ра­кте­рот и во ду­хот и на пуб­ли­ка­та да ѝ го да­деш тоа што го имаш во тво­ја­та со­ба, тоа е ве­ќе под­виг. Тие нат­пре­ва­ру­ва­ња се до­бри за­тоа што се гле­да ка­ков бил пр­ви­от на­стап и ка­ко на­пре­ду­ваш низ нат­пре­ва­ру­ва­ње­то. Имам чув­ство де­ка Кај­ма­ко­ски има дух и мис­лам де­ка е соз­да­ден за оваа ра­бо­та, без ог­лед да­ли ќе би­де по­бед­ник или не на ова нат­пре­ва­ру­ва­ње, за­тоа што не­го­ви­от та­лент не се кр­ши пред го­лем при­ти­сок – ве­ли Бо­сиљ­чиќ.

Разговараше: Ма­ри­на Ко­стов­ска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Интервјуто со актерот, пејач и поет, Иван Босиљчиќ, е објавено во 79. број на неделникот Република, 7.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top