| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен ден за граѓаните во внатрешната контрола на полицијата

otvoren-den1

Гордана Јанкуловска, министерката за внатрешни работи, денеска имаше работен состанок во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во рамки на Отворениот ден за граѓаните.

– Граѓаните ги кажуваат своите забелешки и понекогаш претставките се основани, но понекогаш утврдуваме дека полициските службеници постапувале во рамки на нивните службени овластувања. Добро е што граѓаните се охрабруваат да го кажат своето мислење – изјави Јанкулоска, додавајќи оти најчестите претставки се за несоодветно однесување на полициските службеници, употребиле несоодветна сила и ги пречекориле дел од другите полициски овластувања.

Според министерката, статистичките податоци покажуваат дека откако е таа на чело на МВР, во над 600 случаи Секторот поднел кривични пријави за вработени во МВР.

– Тоа зборува дека пристапот е неселективен и оти нашата единствена цел е подигнување на професионалните стандарди – истакна министерката Јанкулоска.

Претседателот на Македонскиот центар за култура и развој и раководител на процесот „Граѓанска превенција“, Нелко Нелковски најави дека оваа НВО ќе соработува со изборните штабови на сите релевантни партии за превенцијата во рамки на изборниот процес.

– Ќе бидат вклучени 70 наши активисти во целата земја и ќе имаме завршен извештај кој ќе биде доставен до сите институции, политичи партии и меѓународните набљудувачи – изјави Нелковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top