ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава за В.И.(20) од Крива Паланка и за Е.Џ.(20) од Штип поради сторени кривични дела разбојништво и тешка кражба.
Пријавените на 10.03.2014 година, околу 20.20 часот, во с. Голема Црцорија, Кривопаланечко насилно влегле во куќата на Љ.Д. и откако ги исклучиле осигурувачите од струјата, извршиле тешка кражба на 1.200 евра и околу 50.000 денари.
Љ.Д. ги забележала пријавените дака се обидуваат да извршат разбојништво, но тие ѝ се заканила со секира и таа почнала да бара помош, при што пријавените избегале од куќата.
Во текот на истиот ден во 21.50 часот, во с. Крстов Дол пријавените се обиделе да извршат тешка кражба во гаражата на С.С., но откако не нашле ништо, го напуштиле местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.