Францускиот претседател Франсоа Оланд, вечерва во кратко обраќање кон нацијата, рече дека Франција зела директно учество против исламистичките групи во африканската држава Мали во рамките на мандатот на ООН, кои што се обидуваат да „созададат исламистичка држава“.
Истовремено, Владата на Мали воведе вонредна состојба. Портпаролот на Владата изјави дека одлуката за воведување вонредна состојба била донесена на вонредната седница на кабинетот поради „сегашниот тек на настаните“. Во меѓувреме Економската унија за државите од Западна Африја, чие седиште е во Абуџа, во Нигерија, донесе одлука за итно испраќање на свои воени сили во Мали.
– Претседателот на организацијата, по консултации со лидерите на земјите-членки и согласно резолуцијата 2.085 на Советот за безбедност, одлучи итно да испрати војници во рамки на Меѓународните сили за поддршка на Мали, се наведува во соопштението на Аласан Уатара, претседавач на Унијата.
Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека Велика Британија ја поддржува француската одлука за интервенција во Мали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


