Водителот Димитар Атанасовски и неговата професионална танцова партнерка Јована Василева со танго го напуштија најпопуларното домашно телевизиско шоу „Танц со ѕвездите 2“.
Имено, Димитар и Јована во последната елиминациска емисија на „Танц со ѕвездите 2“ играа танго, но не успеаја да соберат доволно поени за да се пласираат во финалето. Тие се осмата танцова двојка која си оди дома.
Во големото финале на 24 март за победа ќе се борат Сара Мејс и Мишо Спасовски и Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.
Големото финале на втората сезона на „Танц со ѕвездите“ е закажано за понеделник (24 март) во „Студио 1“ на МРТ. Продукцијата за големото финале најавува многу забава и атрактивни гости од регионот, кои ќе бидат соопштение во текот на неделата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)