Ина Суслина бранеше импресивно против Савехоф, а победата на Вардар против ривалот од Шведска е историски за клубот, кој првпат ќе игра на завршниот турнир за титулата.
Русинката на голот на „црвено-црните“ беше несовладлива, одбрани дури 18 удари, три од нив од седмерец, а вели дека со публика каква што има Вардар лесно е да се игра и да се победува.
– Морам да кажам дека со ваква публика да се играше завршниот турнир во Скопје, сигурно ќе ја освоевме титулата европски првак, но и во Будимшешта не сме без шанси. На неверојатен начин навивачите во „Борис Трајковски“ нѐ бодреа и тие се многу заслужни за успехот на Вардар. Им благодарам за подршката – изјави Суслина.
Вардар на 3 мај ќе игра против Будуќност во полуфиналето во Будимпешта, а победа значи меч за титулата против подобриот тим од второто полуфинале меѓу Митјиланд и Ѓер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.