| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за Пандев и Наполи, загубија од Плзен со 0-3

Горан Пандев и Наполи се во шок, по сензационалниот пораз против Плзен,од 0-3 во првиот меч од 1/16-финалето во Европа Лигата на УЕФА.

Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч и имаше две убави шанси за гол, но не успеа да ја затресе мрежата на голманот Козачик.

Стрелци за гостите од Чешка беа репрезентативеците Дарида во 28. минута и Рејторал во 79. минута, а наполитанците ги докусури Текл во последните секунди од мечот.

Даниел Георгиевски, вториот македонски фудбалер што покрај Пандев остана во конкуренција во ова натпреварување, не беше ниту на клупата на Стеауа. Георгиевски се рехабилитира по скршеницата на ногата и не доби шанса. Романскиот претставник загуби од Ајакс во Амстердам со 0-2 и ќе има тешка задача во реваншот во Букурешт на 21. февруари.

Алдервеирлд и Ван Ријн со по еден погодок му донесоа убава предност на Ајакс во дуелот на двата поранешни европски шампиони.

Идентична предност во реваншот на „Енфилд Роуд“ во Ливерпул ќе има и Зенит од Санкт Петербург. Блиц-Хулк и Семак, во период од 180 секунди, ја погодија мрежата на Ливерпил за блескава победа.

Уште еден руски претставник, Анжи, ќе има предност од два гола во реваншот, по триумфот од 3-1 над Хановер.

И актуелнито европски првак, Челси, е на прагот на следната рунда по триумфот од 1-0 нагости во Прага против Спарта. Погодокот беше дело на Бразилецот Оскар.

 

Резултати: Анжи – Хановер 3-1, Зенит – Ливерпул 2-0, Наполи – Плзен 0-3, Ајакс – Стеауа 2-0, Спарта Прага – Челси 0-1. Динамо Киев – Бордо 1-1, БАТЕ Борисов – Фенербахче 0-0, Леванте – Олимпијакос 3-0, Баер Леверкузен – Бенфика 0-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top