| четврток, 6 декември 2018 |

Учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ од Ченто среќни за ракометарките на Вардар

Огромна радост за учениците на ОУ Крсте Мисирков од скопската населба Ченто можеше да се забележи кога официјалниот спикер на мечот со Савехоф ги поздрави во салата Борис Трајковски.

Како дел од напорите на женскиот ракометен клуб Вардар за популаризација на овој спорт на мечот со Савехоф околу 200 ученици од ОУ Крсте Мисирков и нивни родители ги бодреа ракометарките на одлучувачкиот меч за пласман меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

На следнава галерија повеќе за начинот на кој учениците од ОУ Крсте Мисирков предводени  од нивните наставници по физичко воспитување Ивица и Дејан го помогнаа пласманот на ЖРК Вардар на фајнал фор во Будмпешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top