| четврток, 6 декември 2018 |

Писториус веќе бил обвинет за насилство

Оскар Писториус, најпознатиот параолимпиец на денешницата, кој е во притвор бидејќи наводно ја убил својата девојка која му влегла во домот и сакала да го изненади за Свети Валентин, веќе еднаш бил обвинет за насилство, пишува весникот „Дејли меил“.

Писториус в петок треба да излезе пред судот во Преторија, Јужна Африка. Тој побарал да излезе од притвор со кауција, но судот не дозволил. Полицијата потврдила дека во 2011 година  неколкупати биле повикувани во домот на Писториус поради семејно насилство.

Писториус и во 2009 година минал една ноќ во затвор, откако една жена го обвинила дека тој ја нападнал на една забава и тоа во неговата куќа, во истата куќа во која е убиена и неговата девојка. Тогаш параолимпиецот бил пуштен со опомена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top