Мајката на убиената Рива Стенкамп открива сензационални детали од односите на нејзината ќерка со Оскар Писторус, кој доби 5 години затвор за убиство.
Во својата книга „Рива: приказната на мајката“, Џун Стенкамп тврди дека нејзината ќерка никогаш не спиела со својот убиец.
Јужноафриканските медиуми ги пофалиле како идеална двојка, но тие биле љубовници едвај три месеци, Рива спиела во домот на Писториус, но никогаш немале секс. Тоа го споделила самата таа со својата мајка, но набрзо сфатила дека двајцата не си одговараат и решила да го напушти златното момче.
Верзијата на Писториус дека тој пукал во бањата бидејќи помислил дека влегол крадец, од самиот почеток изгледала неверојатна. Мајката лансира своја верзија за случката од трагичната вечер на 14 февруари:
– Рива веќе си го подготвила својот багаж и за мене нема никакво сомнение дека таа истата вечер се подготвувала да го напушти Оскар.
Таа вели дека Писториус бил познат манијак за оружје и според неа било неизбежно порано или подоцна тој да стрела во некого. За жал, жртва станала нејзината ќерка.
Џун Стенкамп го опишува Писториус како арогантен, нервознен, импулсивен и опседнат со оружје. По смртта на својата ќерка таа прочитала електронски писма кои тие си ги разменувале и разбрала дека Рива не можела да ги поднесе наглите промени во расположението на Писториус и неговата опсесија да се однесува кон неа како кон своја сопственост. Таа се плашела од неговите ненадејни изливи на бес.
Фактот дека нејзината ќерка била пронајдена убиена со лицето кон вратата, зборува дека таа се борел и се молела за својот живот. Мајката вели дека постојано се буди во 3 часот ноќе – времето кога нејзината ќерка била убиена.
– Се будам со помислата дека таа страдала и доживувала страв и беспомошност токму во ово време. Уште ги слушам нејзините извици во тишината на ноќта – раскажува мајката во книгата.
Сега човекот што ѝ го одзеде животот на нивната ќерка на таков начин е осуден само на 5 години затвор.
– Тоа не е праведно – сподели мајката. По смртта на Рива, двајцата родители паднале во сериозни финансиски тешкотии. Таткото Бери ( 71 ) доживеал неколку инфаркта и веќе не може да работи. Тие не можеле да ја плаќаат ни кирија. Нивната ќерка додека била жива им помагала за да се справат, откако татко ѝ банкротирал. И покрај овие проблеми, мајката вели дека приходите од книгата ќе одат за создавање фондација со името на Рива Стенкамп, која ќе помага на жени во тешка ситуација.
Таа и нејзиниот сопруг имаат намера да отворат два дома за жени, жртви на семејно насилство – едниот во Порт Елизабет и другиот во Кејптаун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.