Х.В. (20) и Н.В. (19) од Свети Николе вчера биле приведени под сомневање дека фалсификувале денари. Полицијата во Свети Николе добила пријава дека непознато лице пуштило во оптек фалсификувана банкнота од 500 денари.
Полицијата брзо потоа кај Х.В. пронашла четири фалсификувани банкноти од по 500 денари и осум фалсификувани банкноти од по 100 денари. По претресот на неговиот дом пронајдени биле уште две фалсификувани банкноти од по 500 денари, една фалсификувана банкнота од 100 денари, принтер со скенер и копир во кој стоела оргиналната банкнота од 100 денари.
По целосно расчистување на случајот, против Х.В. и Н.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



