Од продажба на влезници за туристички посети во охридските туристички локалитети се собира значителна сума пари.
Само лани Завод и музеј Охрид заработи 100.000 евра од кои дури 90 проценти се од влезници во Mузејот на вода во Градиште. Заливот на коските дефинитивно е најатрактивната и најпосетуваната туристичка локација на брегот на Охридското езеро. Туристите се фасцинирани и воодушевени од археолошкиот локалитет кој е спој на праисториското минато и сегашноста
-Од продажба на влезници за туристичка посета најмногу приход остварува Музејот на вода, Самоиловата тврдина, куќата на Робевци и уметничката галерија- изјави Тања Паскали, директорка на Заводот и музеј Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



