| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети му пишал на Иванов дека е „визионер“ и „вистински државник“

ivanov ahmeti_2 (Custom)

Претседателот на државата Ѓорге Иванов во обвинувањата од ДУИ дека не е соодветен претставник за Албанците во Македонија, не гледа ништо друго освен обид за промена на политичкиот систем во државата.

Иванов открива дека претседателот на интегративците Али Ахмети не само што немал ниту една критика за неговата работа, туку и му испратил писмо во кое му честита за лидерството и го нарекува „визионер“ и „вистински државник“.

Во интервјуто за неделникот Република, шефот на државата вака ги коментира об­ви­ну­ва­ња­та од ДУИ де­ка Ал­бан­ци­те во него не­ма­ат со­од­ве­тен прет­став­ник:

Ива­нов: Пет го­ди­ни не слуш­нав ни­ка­ква кри­ти­ка од ДУИ за мо­ја­та ра­бо­та и за мо­ја­та по­све­те­ност во гра­де­ње­то на со­жи­во­тот. Бев при­су­тен на си­те зна­чај­ни праз­ни­ци на ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Се сре­ќа­вав со Ал­бан­ци­те од ди­јас­по­ра­та со по­тек­ло од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. И ни­ко­гаш не сум пра­вел ни­ка­ква раз­ли­ка. Бев и сум пре­тсе­да­тел на си­те гра­ѓа­ни не­за­вис­но од нив­на­та ет­нич­ка, вер­ска или ко­ја би­ло дру­га при­пад­ност. Ги во­дев и вер­ски­те ди­ја­ло­зи, бев по­кро­ви­тел на на­ста­ни зна­чај­ни за со­жи­во­тот, на 10-го­диш­ни­на­та од Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор, на про­е­кти чи­ја цел бе­ше по­вр­зу­ва­ње ме­ѓу мла­ди­те пре­ку спор­тот, кул­ту­ра­та, обра­зо­ва­ни­е­то. Се во­дам од иде­ја­та на ин­те­гра­ци­ја без аси­ми­ла­ци­ја. Мо­рам да наг­ла­сам де­ка ист од­нос имав кон си­те за­ед­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја, кон Тур­ци­те, Ро­ми­те, Вла­си­те, Ср­би­те, Бош­ња­ци­те. Мо­јот од­нос кон ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се реф­ле­кти­ра­ше и на над­во­реш­но- по­ли­тич­ки план. За­ед­но со пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ал­ба­ни­ја, Ба­мир То­пи, и со пре­тсе­да­те­лот на Цр­на Го­ра, Фи­лип Ву­ја­но­виќ, ја ини­ци­рав­ме ква­дри­ла­те­рал­на­та со­ра­бо­тка, со што са­кав­ме да му по­мог­не­ме на на­ши­от со­сед Ко­со­во да се вклу­чи во ре­ги­о­нал­ни­те ини­ци­ја­ти­ви. И нас­про­ти се­гаш­ни­от став на ра­ко­водс­тво­то на ДУИ, за мо­јот ан­гаж­ман со ко­ле­ги­те до­бив пис­мо од г. Ах­ме­ти со кое ни че­сти­та за ли­дерс­тво­то. Ќе изд­во­јам са­мо еден дел од не­го: „Че­сти­тај­ќи ви за ли­дер­ски­те ка­па­ци­те­ти кои ги по­твр­ду­ва­те со овие по­ра­ки ис­пра­те­ни од древ­ни­от При­зрен, ви га­ран­ти­рам де­ка вред­но­сти­те, при­до­би­вки­те и до­бри­те стра­ни на овие сред­би сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе по­твр­ду­ва­ат де­ка вие сте ви­стин­ски др­жав­ни­ци, ви­зи­о­не­ри, кои со сопс­тве­ни­те при­ме­ри го тра­си­ра­ат не­по­врат­ни­от пат на со­ра­бо­тка­та, ин­те­гри­ра­ње­то и европ­ска­та перс­пе­кти­ва на на­ши­те на­ро­ди и др­жа­ви“.

Што ре­ал­но стои зад та­кви­от од­нос на ДУИ?
Ива­нов: И јас, ка­ко и јав­но­ста, бев во не­до­у­ми­ца што зна­чи нив­ни­от од­нос, нив­но­то ба­ра­ње. Ве­ро­јат­но јас им пос­лу­жив ка­ко по­вод, а при­чи­на­та ја доз­нав­ме де­но­ви­ве. Зад таа иде­ја стои ба­ра­ње­то за те­мел­ни устав­ни про­ме­ни во на­чи­нот на из­бор за пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та, а со тоа и про­ме­на на се­вкуп­ни­от по­ли­тич­ки си­стем на Ма­ке­до­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top