Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ утре ќе имаат промоција на сработеното во изминатиот период, најави премиерот Никола Груевски.
-Утре во 12,30 часот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го промовира отчеток, кој е готов, а кој што утре ќе биде дистрибуиран и достапен за сите граѓани. Партијата излегува со програма, во кој е напишано ако ја добиеш довербата што ќе сработиш и како ќе го сработиш тоа. Откако граѓаните ќе ја дадат довербата, етички и човечно е кога ќе ти заврши мандатот, да излезеш да кажеш што од тоа е сработено, што не е и зошто не е – рече Груевски.
Тој нагласи дека тие се првата партија која настапува на ваков начин, со што ја смениле политичката клима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



