Со головите на Давид Силва и Един Џеко, Манчестер Сити забележа победа од 2-0 на гостувањето кај Хал Сити и со ова се проби на второто место на табелата.
Винсент Компани во 10. минута заработи црвен картон поради прекршокот над Никица Јелавиќ и ако се чинеше дека Сити ќе има тешка задача, во 14. минута Давид Силва ги демантираше со прекрасен погодок.
Конечните два нула ги постави Един Џеко во последната минута од натпреварот по асистенција на Силва.
„Тигрите“ иако во поголемиот дел од мечот имаа иницијатива, сепак не успеаја да дојдат до сериозна шанса и да го совладаат Џо Харт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас


