Принцот Вилијам, втор во наследната низа за британскиот трон, ќе го „прескокне“ својот татко Чарлс и ќе стане следниот крал на Обединетото Кралство. Ова го објави американскиот весник „Глобе“, кој тврди дека оваа одлука ја донела Кралицата Елизабета Втора, која со години ги следела „четворицата играчи“. Според весникот, британската кралица Елизабета Втора одлучила ова лето да абдицира и како нов владетел на кралството да биде крунисан Вилијам, војводата од Кембриџ.
Според весникот, наместо принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, новиот крал и кралица ќе бидат Вилијам и Кејт.
Изгледа дека кралицата Елизабета во изминатите години внимателно ги следела „четворицата играчи“ и дека донела конечна одлука кому ќе му го остави наследството.
Инаку, по кралицата Елизабета, принцот Вилијам, носител на титулата војвода од Кембриџ, гроф од Стратхорн и барон од Карикфергус, е најпопуларен член на кралското семејство, покажале истражувањата од 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.