САД и меѓународната заедница нема да ги признаат резултатите од референдумот на Крим, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, Путин не е подготвен да преземе одлука за Крим додека не заврши гласањето на референдумот закажан за во недела.
Од своја страна, Лавров истакна дека треба да се почекаат резултатите од референдумот за Крим.
– Како што изјави претседателот на Русија, ние ќе го почитуваме ставот на народот на Крим и ќе го изразиме својот став откако ќе бидат познати резултатите. Бесмислено е да се шпекулира пред да се видат резултатите. Никој не го одземал досега правото на народите за самоопределување. Тоа е запшишано во Повелбата на ОН, нагласи тој.
Разговорите меѓу Лавртов и Кери траеја повеќе од пет часа и беа фокусирани на ситуацијата во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Расправата за уставните измени продолжува утре
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет