На 27 март ќе биде потпишан договорот за мир меѓу филипинската армија и над 12.000 припадници на Моро исламистичкиот фронт кои на југот на државата четири децении водеа оружена борба со стотици жртви на двете страни.
По разоружувањето, припадниците на Моро фронтот ќе добијат значајна улога во провинциската и локалните власти на југот на Филипините, соопштија од кабинетот на претседателот Акино. Се смета дека завршувањето напреговорите за мир, кои траеја 17 години ќе донесат траен мир и просперитет на Минданао. Аналитичарите потсетуваат дека вооружената исламска герила на Минданао уживаше нескриена материјална и воена помош од соседните, претежно муслимански, држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.