Финалето на втората сезона на популарното домашно телевизиски шоу „Танц со ѕвездите“ е закажано за понеделник, 24 март 2014 година, најавуваат од продукцијата „Дрим фактори“ и МРТ .
Оваа сабота, пак, со почеток во 20.15 часот ќе се емитува последната елиминациска емисија во која уште една танцова двојка ќе го напушти шоуто, а двете останати ќе се борат за победа во финалето.
Останати се три двојки – каратистката Наташа Илиевска и Даниел Кимовски, пејчаката Сара Мејс и Мишо Спасовски и водителот Димитар Атанасовски и Јована Василева.
Професионалната танчарка Јована Василева заедно со кајакарот Атанас Николовски, пак, лани со 300 гласови повеќе ги победија Илија Карадакоски и Марјана Станојковска во првата сезона на „Танц со ѕвездите“. Победата на Атанас и Јована им донесе ваучери во вредност од 1500 евра за егзотично патување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.