Продолжува турнејата на зимските убавици низ Македонија. Викендов финалистките претстојуваат во главниот град. Во петок вечер тие ќе се претстават во клубот „Театро“, а ќе бидат и дел од Саемот за венчавки кој се одржува во хотелот Александар Палас каде ќе учествуваат на неколку модни ревии и фотосесии.
Финалето ќе се одржи на 22 март во Куманово во дискотеката „Лолипоп“, а победничката ќе ја претставува на еден од интернационалните избори за убавина.
Круната на новата Зимска убавица ќе ја предаде минатогодишната, седумнаесетгодишната Кристина Димитријевска од Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.