| четврток, 6 декември 2018 |

Ивана Ѓеоргиевска е скопска зимска убавица

зимска убавица скопје

Трите најубави девојки во изборот за зимска убавица на Скопје

Скопјанката Ивана Ѓеоргиевска е избрана за скопска зимска убавица. Нејзината сограѓанка Ана Марија Танеска е прва придружничка, а Ангела Спасовска од Куманово е втора придружчника.

зимска убавица

Ивана Ѓеоргиевска

Викендов финалистките од изборот за зимска убавица на Македонија претстојуваа во Скопје.

Во петокот вечер се претставија во клубот „Театро“, а беа и дел од Саемот за венчавки кој се одржа во хотелот Александар Палас каде учествуваа на неколку модни ревии и фотосесии за венчаници.

Финалето ќе се одржи наредниот викенд, на 22 март во Куманово, во дискотеката „Лолипоп“, а вкупната победничка ќе ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина или модели за кои Модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top