| четврток, 6 декември 2018 |

Утре се бира зимска убавица

Македонија ќе ја избира зимската убавица во 2013 година. Утревечер во дискотеката Колосеум во Скопје ќе се одржи големото финале на изборот. Изминативе два месеци се одржуваа полуфиналињата во сите поголеми градови во Македонија, на кои се претставија триесет кандидатки кои беа избрани од преку 100 пријавени девојки од целата држава.

-На финалето за титулата Зимска убавица на Македонија 2013г. ќе се борат 15 финалистки, а победничката ќе добие право да ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци – велат од Црнокрак.

Минатата година на овој избор победи дваесет и едногодишната Ива Диневска од Скопје која утре на финалето ќе биде дел од жири комисијата која ќе одлучува за победничките и која на новата Зимска убавица ќе и ја предаде круната. Водителка на изборот ќе биде Светлана Црнокрак, а во музичкиот дел за време на изборот, а и потоа на забавата ќе настапат во моментов многу атрактивните Пеперминт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top