| четврток, 6 декември 2018 |

Љубчо со поддршка за Пендаровски, бара брз компромис за името

ljubcogeorgievskiПретседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски денеска јавно му даде поддршка на Стево Пендаровски и рече дека тој својот глас ќе го даде претседателскиот кандидат на СДСМ на претстојните избори. Георгиевски изјави дека ВМРО-НП е за брз компромис за решавање на името.

Љубчо Георгиевски е познат во јавноста по изјавите за менување на уставното име, ставот дека треба да се направат отстапки во спорот кој е наметнат од страна на јужниот сосед. Една од највпечатливите изјави во кои Георгиевски е за промена на уставното име беше дадена при неговото гостување во бугарската телевизија БНТ, каде порача дека “Северна Македонија не е ништо страшно“.

-Сметам дека Северна Македонија не е ништо страшно, ништо катастрофално, меѓутоа за жал тоа што го сметаме во Македонија сме малцинство, рече Георгиевски.

За претседателот на ВМРО-НП прифатливо е и името Горна Република Македонија, за што смета дека  е “добра основа за решавање на проблемот“.

Токму решавањето на проблемот со името при денешната отворена поддршка до Пендаровски, Георгиевски го нагласи како еден од главните приоритети, одноно прашање кое “мора да се реши“.

– 24 години овој проблем го решаваме и не можеме да го решиме. Не ни треба влада која уште 4 години ќе раскажува колку ние сме во право, а колку сите други се во криво. ВМРО-НП е за брз компромис врз база на последното решение на Нимиц, рече Георгиевски.

После ваквиот став на Георгиевски, кој од поодамна и е познат на јавноста, останува отворено прашањето дали лидерот на ВМРО-НП, имајќи ја предвид отворената подршка до Пендаровски, очекува од претседателскиот кандидат на СДСМ евентуална  поддршка околу ставовите за решавање на проблемот со името? Дали Георгиевски и Пендаровски се имаат најдено некаде “на средина“ околу ова прашање, останува енигма.

Како поткрепа за ова може да се земе во предвид и ставот на Пендаровски искажан во интервјуто  за интернет порталот „Прес24“ на 23 декември 2013 година, каде  предлага спорот за името да се решава зад затворени врати далеку од очите на јавноста и без нејзино знаење.

Мислам дека е дојден часот кога релевантните политички субјекти треба да седнат далеку од очите на јавноста и да се договорат за две работи: дали нашите стратешки цели утврдени во 1990-тите остануваат истите или не, и ако одговорот е позитивен, тогаш каков компромис треба да направиме за да се интегрираме, но, при тоа, да го сочуваме народот затоа што тоа е апсолутен приоритет број еденизјави Пендаровски.

Со овој став Пендаровски предлага за прашањето за името да решаваат политичките елити, а не сите граѓани на Република Македонија.

Токму на овој начин беше наметната и референцата ФИРОМ. И тогаш ова битно прашање се решаваше далеку од очите на јавноста, а притоа ниту граѓаните, ниту било кој друг не беше консултиран, ниту информиран за ова.

Извор: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top