Светска банка донесе одлука годинава на Украина да ѝ додели дополнителна финансиска помош од 3 милијарди долари, што ќе бидат наменети за реформи и важни економски проекти – објави денеска прес-службата на украинската Влада, пренесува ИТАР-ТАСС.
– Три милијарди долари се сериозни ресурси. Таа сума е шестпати поголема од доделените средства минатата година. Важно е дека значителен дел од овие средства ќе бидат наменети за развој и за модернизирање на станбено-комуналното стопанство, усовршување на системот за обезбедување социјални услуги на населението и здравството – изјави директорот на одделот на Светска банка за Украина, Белорусија и Молдавија, Чимјао Фан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Кошаркарот Марк Гасол во тим за спасување мигранти