Жители на Зубин Поток на северот од Косово во средата вечер насилно влегле во полициска станица и успеале да го ослободат Слободан Соврлиќ, кој бил приведен поради нарушување на јавниот ред и мир, пишуваат српските медиуми.
Тој веднаш по ослободувањето се дал во бегство.
Соврлиќ бил приведен истиот ден во попладневните часови, а веднаш потоа граѓаните почнале да се насобираат пред полициската станица, по што упаднале во објектот и причиниле материјална штета.
Полицијата е во потрага по избеганиот Соврлиќ, а канцеларијата за Косово и Метохија го осуди инцидентот. Градоначалникот на Зубин Поток, Стеван Вуловиќ, изјавил дека ситуацијата во општината сега е мирна и дека граѓаните што ја блокирале полициската станица се повлекле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации