ЖРК Вардар го игра последниот и клучен меч од втората фаза по групи во Лигата на шампионите, против Савехов в недела од 18 часот, а навивачите се неопходни за да ги поддржат девојките во црвено-црно до нов триумф и пласман на завршниот турнир во Будимпешта.
За да се привлече повеќе публика, утре во акција за анимација на гледачите ќе се вклучат и ракометарките. Триото Јованка Радичевиќ, Татјана Хмирова и Алисон Пино точно на пладне ќе се дружи со симпатизерите на Вардар во Градскиот трговски центар во продавницата на „Југотон“.
Со два купени билети како подарок ќе добиете маица со потписот од ракометарките, а ќе можете да добиете и автограми од ракометните ѕвезди и да се фотографирате со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.