Фамозниот телефонски разговор на кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски со извесен Енвер од Зајас, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Можеше да се прочитаат најразлични коментари и негодувања, па сѐ до претпоставки дека Пендаровски, всушност, разговара со Дамјан Манчевски од СДСМ, кој е во соседната канцеларија, објавува порталот „Нетпрес“.
Според „Нетпрес“, тие го пронашле Енвер Усеини со кого Пендаровски, навистина, имал конверзација на „Фејсбук“ во петокот, што може да се види од фотографијата.
Енвер Усеини, според споделените информации на својот профил на „Фејсбук“, има завршено стоматологија на Медицинскиот факултет во Софија. Доколку Пендаровски не зборувал со Манчевски, туку со Енвер, дали ова е тој човек, како што наведува комуникацијата од „Фејсбук“? Дали Стево ќе го удостои Енвера со кафе, како што му закажа на видеото?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.