Компании од Бурса, град со огромни економски перформанси, 25 индустриски зони, 4.000 фабрики и шест милијарди долари извоз од секоја зона, се заинтересирани за почнување бизнис во Македонија.
– Нашата интенција е Македонија да биде една од земјите кон кои ќе ги насочиме вложувањата. Остваривме контакти со македонски стопанственици од прехранбената индустрија, преработката на овошје, сточарството, производството на мебел и соларната енергија – рече Мустафа Крџи, претседател на стопанската комора Румелисиад.
Транспарентноста во работењето, довербата и способноста за компромис се клучни фактори за успешен бизнис, порачуваат турските стопанственици. Сепак, добро е и лично да се доживеат искуствата на успешните компании.
Индустриските зони во Бурса вработуваат 600.000 лица, а дневното производство на автомобили достигнува 3.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со лани
-
Турскиот театар со „Отело“ во режија на Дејан Пројковски на Меѓународен фестивал во Бурса
-
МОБ ќе потпише меморандум за соработка со Националниот театар од Сараево
-
Во НУБ вечерва се отвора Координативниот центар за културна соработка на Иницијативата „16+1“